• недела, 28 јули 2024

Тен Хаг: Ми се допаѓа Де Хеа, но не се знае дали ќе го продолжи договорот

Тен Хаг: Ми се допаѓа Де Хеа, но не се знае дали ќе го продолжи договорот
Манчестер, 19 октомври 2022 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг не ја отфрли можноста за заминување на голманот Давид Де Хеа. Договорот со Шпанецот е со важност до крајот на актуелната сезона, клубот има опција за продолжување на договорот за една година. - Сè уште не сме донеле одлука за него. Но, можам да кажам дека сум многу задоволен од Де Хеа како голман. Првите два меча сезонава не беа на неговото најдобро ниво, но потоа можеше да се види колку ни помага да се одбраниме, обезбедува стабилност. И мене како човек ми се допаѓа. Можам одлично да работам со него, но прво да почекаме зима, па потоа ќе разговараме што да правиме, изјави Тен Хаг. Де Хеа оваа сезона прими 15 гола на девет натпревари во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан