• сабота, 09 ноември 2024

Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили

Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили

Бејрут, 29 септември 2024 (МИА) - Телото на лидерот на либанското шиитско движење „Хезболах“, Хасан Насрала е пронајдено на местото на израелскиот воздушен напад во јужните предградија на Бејрут и е недопрено, соопштија за светска агенција два извора запознаени со случајот - лекар и припадник на безбедносните сили. 

Во вчерашното соопштение на Хезболах, кој ја потврди смртта на Насрала, не беше прецизирано како точно бил убиен и кога ќе биде погребот, но двата извори изјавиле дека на неговото тело немало директни повреди и се чини дека смртта настапила како последица на траума предизвиканата од силината на експлозијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан