• петок, 08 ноември 2024

Телефонски разговор Христодулидис – Мицотакис, Кипар ќе испрати помош за пожарите во Грција

Телефонски разговор Христодулидис – Мицотакис, Кипар ќе испрати помош за пожарите во Грција

Никозија, 12 август 2024 (МИА) – Никозија одговорила позитивно на барањето на Атина, за испраќање помош од Кипар за Грција за справувањето со пожарите во североисточниот дел на областа Атика, што било потврдено за време на денешниот телефонски разговор на кипарскиот претседател Никос Христодулидис со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на кипарската Влада, Константинос Летибиотис информираше дека во текот на телефонскиот разговор, грчкиот премиер му се заблагодарил на претседателот на Кипар за брзиот одговор на барањето на Грција за испраќање тим да помогне во напорите за гаснење на пожарот што е активен во Атика.

-Кипарскиот претседател го информираше грчкиот премиер за сите координирани активности преземени од надлежните служби на Република Кипар за формирање мисија и за изнајмување на авион, за нивен итен транспорт во Атика, за да се помогне во напорите за гаснење на пожарот, соопшти портпаролот на кипарската Влада во писмената изјава.

Пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина се повеќе се шири и зазема огромни размери. ср/рп/

Остани поврзан