• четврток, 26 декември 2024

Текстилниот комбинат „Тетекс“ го прекина производството

Текстилниот комбинат „Тетекс“ го прекина производството
Тетово, 10 февруари 2020 (МИА) - Од денеска нема производство во најпознатиот волнарски комбинат АД „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, познат како „Тетекс“. По последната работна единица од поранешниот гигант, фабриката „Конфекција“ го прекина работењето. Од утре и последните 140 работници во Конфекција ќе бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како невработени. Според Љупчо Радовски, од синдикалната организација, сите 140 работници кои досега работеа во конфекција ќе бидат обешетени на некој начин. -Предвидени се седум лични доходи за оние работници кои имаат над 25 години работен стаж, а останатите соодветено на должината на стажот. Оние кои се пред пензија ќе бидат 18 месеци под Заводот за вработување, а другите ќе бидат до една година, додаде Радовски. Комбинатот „Тетекс“ почна со работа во 1951 година. Во 1986 година бележи најголема вработеност од 8.800 работници. Комбинатот се состоеше од фабрики во кои се спроведува цел процес на изработка-предиво и волница, Ткајчница,Трикотажа и Конфекција.ас/бт/

Остани поврзан