• сабота, 23 ноември 2024

Татко и син под истрага по откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје

Татко и син под истрага по откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје
Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот на двајцата осомничени, на улица „Методија Митревски“ во Скопје, беа пронајдени поголемо количество оружје, различна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница. Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека претрес бил извршен и во викенд куќа на семејството во селото Раштак, каде било пронајдено дополнително количество оружје и муниција. - За осомничените на возраст од 73 и 46 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото, се наведува во соопштението. цр/​​сп/

Остани поврзан