• сабота, 31 август 2024

Супертајфунот Нору се движи кон Филипините

Супертајфунот Нору се движи кон Филипините
Манила, 25 септември 2022 (МИА) – Се евакуира населението од филипинскиот остров Лузон поради приближување на тајфунот Нору. Тајфунот е придружен со ветрови со брзина од 185 километри на час. Според филипинската Национална метеоролошка служба, тајфунот Нору денеска ќе ја погоди областа на околу 80 километри североисточно од главниот град Манила. Метеоролозите истакнаа дека брзината на ветрот што ја придружува Нору се зголемила за 90 километри на час за само 24 часа. Тие исто така предвидуваат дека брзината на ветрот може да достигне 205 километри на час кога супертајфунот ќе стигне на копно.ми/

Остани поврзан