• недела, 24 ноември 2024

Јапонската влада ги охрабрува компаниите да усвојат четиридневна работна недела

Јапонската влада ги охрабрува компаниите да усвојат четиридневна работна недела

Токио, 31 август 2024 (МИА)  - Во обид да го надоместат загрижувачкиот недостиг на работна сила, јапонските власти охрабруваат се поголем број компании да усвојат четиридневна работна недела, објавија денеска локалните медиуми.

Американските медиуми пренесуваат дека јапонската Влада  првпат поддржа пократко работно време во 2021 година, откако јапонските пратеници ја поддржаа идејата.

Меѓутоа, според податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба, само околу осум отсто од компаниите во Јапонија им дозволуваат на вработените да земаат три или повеќе слободни денови, седум отсто од компаниите на работниците им даваат само еден слободен ден пропишан со закон.

Со надеж дека ќе привлече повеќе заинтересирани компании, особено кај малите и средни претпријатија, владата почна кампања за реформа на работата која промовира пократко работно време и други флексибилни работни аранжмани, како и ограничувања за прекувремена работа и платен одмор.

Министерството за труд неодамна почна да нуди бесплатни консултации како дополнителен поттик за јапонските работодавци.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан