• сабота, 13 декември 2025

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, приведени осум лица

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, приведени осум лица

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на ОЈО за ГОКК, вчера спороведе акција во која е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство”, „перење пари и други приноси од казниво дело“ од КЗ и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” од Закон за игрите на среќа и за забавни игри, соопшти МВР.

Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на 11 локации во Скопје, при што лишени од слобода се осум лица од Скопје, а при претресите пронајдени и одземени се парични средства околу 34.510 евра, 431.000 денари и 400 долари, повеќе телефонски апарати, три патнички моторни возила, компјутери, лап топ компјутери, маси за покер, чипови, карти, друга опрема за покер, документација, растителна и прашкаста материја.са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан