• четврток, 26 декември 2024

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ одложено за 13 јуни

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ одложено за 13 јуни

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) — Судењето за случајот „Организатори на 27 април“, денеска беше одложено за 13 јуни годинава.

Како што образложи судијата Илија Трпков на почетокот на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје, добил известување од адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, дека поради здравствени причини на близок член од семејството не можел да присуствува на деношното рочиште.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. 

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење. 

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева. ра/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан