• четврток, 26 декември 2024

Суарез го надмина Меси со голови во квалификациите за СП и стана најдобар стрелец во Јужна Америка

Суарез го надмина Меси со голови во квалификациите за СП и стана најдобар стрелец во Јужна Америка
Монтевидео, 2 февруари 2022 (МИА) - Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луис Суарез ноќеска реализираше пенал во квалификациите за Светското првенство 2022 против Венецуела (4:1). Напаѓачот на Атлетико го постигна својот 28-ми гол во Мундијалските квалификации и се искачи на првото место во Јужна Америка пред Лионел Меси со 27 гола. Воедно, Суарез се најде на делба на 4. место во светот со Иранецот Карим Багери, кој исто така има 28 гола. Рекордот му припаѓа на Карлос Руиз од Гватемала - 39 гола во квалификациите за СП. Во топ 3 се и Кристијано Роналдо (Португалија, 36 гола) и Али Даеи (Иран, 35). зс/

Остани поврзан