• четврток, 26 декември 2024

Студентскиот Совет при „Мајка Тереза“ бара да се врати стариот метод на субвенциониран оброк

Студентскиот Совет при „Мајка Тереза“ бара да се врати стариот метод на субвенциониран оброк

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Студентскиот Совет при Универзитетот „Мајка Тереза" бара од Министерството за образование да го врати стариот метод на субвенциониран оброк.

Моменталниот начин на субвенционирање е несоодветен и ограничен, се наведува во соопштението на студентскиот Совет, бидејќи како што стои во соопштението, тие не можат да ги задоволат секојдневните потреби.

-Понудената сума од 140 денари е недоволна за основната исхрана и задоволство на нашите студенти. Ние бараме од Министерството за образование и наука да го рецензира моменталниот Закон и да се врати на претходниот начин на користење на финансиската вредност за студентите, стои во соопштението на студентскиот Совет.

Тие додаваат дека од суштинска потреба е да се зголеми сумата на субвенционирање во согласност со растот на инфлацијата и актуелните економски услови.

-Се надеваме дека ова барање ќе се земе сериозно во предвид и ќе наиде на решение, кое ќе го олесни товарот на студентите и ќе помогне во обезбедувањето на подобро образование, велат од студентскиот Совет при „Мајка Тереза“. ра/ац/

Фото: Студентски Совет при Универзитетот „Мајка Тереза"

Остани поврзан