• сабота, 23 ноември 2024

Струга, Тиквеш и Шкендија ги дознаа потенцијалните ривали во европските натпреварувања

Струга, Тиквеш и Шкендија ги дознаа потенцијалните ривали во европските натпреварувања

Нион, 17 јуни 2024 (МИА) - Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш ќе ги добијат ривалите во квалификациите за Лигата на шампионите и Конференциската лига.

Македонскиот првак Струга може да се соочи со Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац Бања Лука (БиХ), а средбите ќе се играат на 9,10 и 16,17 јули.

Шкендија е носител и би можел да измери сили со Вележ од БиХ, Торпедо од Грузија, Малишева од Косово, Ноах од Ерменија и Ислоч Минск од Белорусија.

Екипата на Тиквеш пак ќе ги одмери силите со една од следниве екипи: Бреидаблик (Исланд), Дуделанж (Луксембург), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусејдерс (Северна Ирска), а натпреварите ќе се играат на 11 и 18 јули. дс

Фото: Архива

Остани поврзан