• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Странски експерти со проценки за изградба на гондола на Пелистер

Странски експерти со проценки за изградба на гондола на Пелистер

Битола, 3 март 2025 (МИА) - Претставници на компанија од Словенија со стручни лица од Франција и Србија извршија увид на теренот за изградба на гондола на планината Баба на врвот Пелистер.

Проектот за изработка на физибилити студија за гондола го анализираа експерти од оваа област кои имаат искуство во изградбата на гондоли и жичарници во Европа.

- Гостите од стрнаство имаат изведено проекти во Србија на Копаоник и неколку европски земји. Воодушевени од природните убавини на Пелистер експерите заклучија дека во периодот што следува треба да се подготви проектната програма за физибилити студијата која ќе ја дефинира трасата и финансиска конструкција на проектот, соопштија од Општина Битола.

Неодамна, градоначалникот и членови на Советот на општина Битола извршија увид на работата на гондолата на планинските предели на Копаоник во соседна Србија. мт/бак/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан