• четврток, 05 февруари 2026

Во кумановската гимназија одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во кумановската гимназија одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Куманово, 4 февруари 2026 (МИА) - Повеќе делегации предводени од училишната денеска положија цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев во кумановската гимназија и пригодно ги одбележаа 154-те години од раѓањето на патронот на ова училиште, револуционерот и визионерот, Гоце Делчев.

Ученици, граѓани ја одбележаа годишнината од раѓањето на великанот на револуционерната борба Гоце Делчев. Пред бистата цвеќе положија претставници на училиштето, Општината, Советот, политички партии, невладини организации, граѓани.

Директорката на гимназијата Марија Тодоровска, посочи дека училиштето достојно го носи името на револуционерот Гоце Делчев, учениците постојано учествуваат на светски, европски натпревари каде освојуваат високи признанија по различни предмети.

-Тој остави голем аманет за нас, да продолжиме со неговите мисли, да се натпреваруваме на секое културно поле и ние како училиште продолжуваме со натпревари на сите нивоа. Успесите кои ги постигнуваат нашите ученици, нашите наставници, резултира со учество на натпревари и на меѓународно и светско ниво, како доказ дека навистина станува збор за значаен успех за нашето училиште кое гордо го носи неговото име. Особен гордост деновиве за училиштето, е пласирањето на ученичката Илина Арсовска на Европската женска математичка олимпијада во Франција. Постојано учествуваме во проекти, нашите ученици освојуваат први, втори трети места на државни натпревари, учесници се на бројни натпревари во Европа, изјави Тодоровска.

Учениците читаа сопствени и творби од Анте Поповски. ам/

 

Фото: МИА и општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан