• среда, 25 декември 2024

СТО на 15 февруари ќе го избира новиот директор

СТО на 15 февруари ќе го избира новиот директор
Женева, 10 февруари 2021 (МИА) - Светска трговска организација (СТО) соопшти дека на 15 февруари ќе го избере новиот генерален директор и членовите на главните тела надлежни за донесување на одлуки. Експертите предвидуваат дека на водечката функција во СТО ќе биде именувана поранешната министерка за финансии на Нигерија, Нгози Окоњо-Ивеал. Доколку биде постигнат консензус Окоњо-Ивеал ќе биде прва жена и прва Африканка директорка на СТО. СТО во која членуваат 164 земји, остана без директор откако Бразилецот, Роберто Азеведо поднесе оставка од функцијата една година пред истекот на мандатот и ја напушти должноста на почетокот од август 2020 година. Наследникот на Азеведо ќе се соочи со предизвиците – реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Коивд-19 и трговски тензии, пред се помеѓу САД и Кина. ми/

Остани поврзан