• сабота, 28 декември 2024

Стојкоски: Ќе им помогнеме на лицата со интелектуална попреченост

Стојкоски: Ќе им помогнеме на лицата со интелектуална попреченост
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски на средбата со раководството на центарот „Порака Неготино“ ветил дека со менување на јавната свест, спроведување и приклучување во проекти ќе им помага на лицата со интелектуална попреченост. Тој со раководството на центарот разговарал за проблеми и предизвиците со кои се соочуваат. Тие свое катче имаат и во Волково, каде згрижуваат 44 лица.

- Живееме исто, сакаме исто, поминуваме низ предизвици, ги делиме истите проблеми. Се бориме за подобро утре. Ова е една од оние средби која ме остави без зборови.  Сигурно сте чуле за „Порака Неготино“, центар кој згрижува 44 наши сограѓани со интелектуална попреченост во Волково. Премрежјата низ кои поминувале и поминуваат се различни и ги знаеме сите. Зошто лицата со попреченост да не живеат живот како сите ние? Зошто да не се еднакво вклучени во општеството? Зошто да немаат сервисни служби? Зошто да не дадеме се од себе да ги унапредиме нивните права?, истакна Стојкоски.

Според него, овие лица и овој центар, не смее и нема да бидат повеќе заборавени, бидејќи Ѓорче ќе биде општина за сите граѓани.

- Тие се жители на општината како сите ние. Ќе ја менуваме јавна свест, ќе спроведуваме и се приклучуваме на кампањи, ќе обезбедуваме поддршка, ќе ги изедначуваме во општеството. Ќе придонесеме за овие центри, затоа што сакаме и се обврзуваме!, потенцираше Стојкоски.фф/дма/

Остани поврзан