• сабота, 27 јули 2024

Стотина луѓе загинаа во судирите помеѓу рударите во Чад

Стотина луѓе загинаа во судирите помеѓу рударите во Чад
Нџамена, 30 мај 2022 (МИА) - Околу сто луѓе се убиени во судирите што се случија на 23 и 24 мај помеѓу самостојните рудари на злато во северниот дел на Чад, изјави денеска министерот за одбрана Дауд Јаја Брахим. Судирите избија во рудник за злато во планинскиот округ Коури Боугоуди, во близина на границата со Либија. Брахим наведе дека сите неформални рударски операции се запрени и оти продолжува евакуацијата на луѓе од локацијата. ми/

Остани поврзан