• сабота, 16 ноември 2024

Стејт департментот одобри потенцијален договор со Грција за продажба на мотори за Ф-16

Стејт департментот одобри потенцијален договор со Грција за продажба на мотори за Ф-16

Вашингтон, 15 ноември 2024 (МИА) – Стејт департментот на САД одобри потенцијален договор со Грција за продажба на мотори за авионите ловци Ф-16 во вредност од 160 милиони долари.

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка денеска ја достави потребната потврда со која го известува Конгресот за оваа можна продажба.

Како што соопшти Пентагон, главен изведувач ќе биде компанијата „Џенерал електрик“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан