• четврток, 26 декември 2024

Стартуваше традиционалната велосипедска тура Велес – Радовиш по повод „8 Септември“

Стартуваше традиционалната велосипедска тура Велес – Радовиш по повод „8 Септември“

Велес, 11 септември 2022 (МИА) – Под покровителство на македонската Влада и Агенцијата за млади и спорт претпладнево стартуваше 12. издание на традиционалната велосипедска тура која по повод Денот на независноста се вози од Велес до Радовиш.

Турата е во должина од околу 110 километри од Велес преку Неготино, Пепелиште и Криволак до Радовиш како крајна дестинација.

На стартот, како и во изминатите години, се појави еден од најдобрите македонски велосипедисти на сите времиња и поранешен југословенски репрезентативец Дејан Момировски – Денда (54), кој на рутата до Неготино ќе вози во придружба на својот 15-годишен син Дејан Момировски и 41-годишниот Филип Арсов.

Првпат во историјатот на оваа традиционална велосипедска тура меѓу учесниците го нема 80-годишниот Ѓорги Кузмановски, кој овој пат беше принуден да го откаже настапот поради повреда.

Рамовите на велосипедите со кои учесниците возат на годинешното издание на трката се од македонско производство од брендот „Денда“ зад кој стои Дејан Момировски - Денда. ег/хс/

Остани поврзан