• сабота, 21 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стармер: Ќе ја поддржуваме Украина сè додека е потребно

Стармер: Ќе ја поддржуваме Украина сè додека е потребно

Лондон, 18 јули 2024 (МИА) – Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер изјави дека лидерите на денешниот Самит на Европската политичка заедница се согласиле да продолжи поддршката за Украина сè додека е потребно.

Тој на крајот на Самитот истакна дека европските лидери разговарале и за заштита на Молдавија од руско влијание.

Стармер посочи и дека е постигнат напредок за миграцијата и безбедноста и најави финансирање од 84 милиони фунти за запирање на илегалната миграција. Со тие средства ќе се финансираат проекти во Африка и на Блиски Исток, за зголемување на можностите за вработување и пристап до образование.

Ова е клучен дел од соочувањето со миграциската криза и покажува како (Британија) ќе работиме на светската сцена – овие проблеми одекнуваат дома, а ефектите се случуваат на нашите улици, наведе Стармер. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан