• среда, 25 декември 2024

Ставрески е врвен сксперт, неговото назначување на гувернер на НБ воопшто не било на дневен ред, ниту пак е дискутирано, изјави Мицкоски

Ставрески е врвен сксперт, неговото назначување на гувернер на НБ воопшто не било на дневен ред, ниту пак е дискутирано, изјави Мицкоски

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Мандатарот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески е врвен е експерт, но прашањето за неговото назначување на гувернер на Народна банка воопшто не било на дневен ред, ниту за тоа прашање било дискутирано.

Тој ова го изјави пред Шестата седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа одгововарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Ставрески за гувернер на НБ. 

-Моето мислење за господинот Ставрески е врвно, тој е исклучителен експерт, голем познавач. Таа тема воопшто не била на дневен ред, ниту пак била дискутирана воопшто, одговори кусо мандатарот.

Дел од медумите, повикувајќи се на извори од партијата, објавија дека поранешниот висок функционер во владите на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Никола Груевски, Зоран Ставрески ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов гувернер на НБ. ац/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан