Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад
- Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета.
Нови Сад, 21 ноември 2024 (МИА) – Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета.
Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера.
Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски сили.
Опозициските политичари направија човечки синџир пред кордонот и се држат за рака. Тие го поставија и знамето на Србија.
Дел од вработените во судот и обвинителството денеска дошле порано на работа, за да се обидат да ја избегнат блокадата на зградата. јт/
Фото: Н1