• понеделник, 19 јануари 2026

Средба Сали - Нухи Алиу: Домашната економија се движи кон стабилизација

Средба Сали - Нухи Алиу: Домашната економија се движи кон стабилизација

Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска во Владата оствари средба со делегацијата на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од нејзиниот претседател Нухи Алиу.

Средбата, како што информираат од неговот кабинет, се одржа во конструктивна атмосфера, при што беше направен преглед на изминатата година, како и на предизвиците предизвикани од глобалната економска криза. И покрај овие предизвици, беше оценето дека државата успеала да зачува стабилност во однос на инвестициите и економската клима.

- Проекциите за оваа година се позитивни. Исто така, значајна улога ќе имаат и јавните инвестиции, кои веќе се во фаза на реализација од страна на Владата. Домашната економија се движи кон стабилизација, што укажува дека инвестициската клима во земјата влегува во поповолна фаза - се наведува во соопштението.мд/вј/ 

Фото: Кабинет на министерот за европски прашања

 

Остани поврзан