• сабота, 23 ноември 2024

Средба на Стоилковиќ со претставници од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања

Средба на Стоилковиќ со претставници од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остварил средба со проф. д-р Бојана Наумовска, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, и проф. д-р Петар Атанасов, раководител на Социолошкото одделение во Институтот, на која разговарале за соработка и размена на искуства.

Од Кабинетот на министерот соопштија дека средбата била искористена за размена на искуства, како и создавање поволна клима за остварување соработка меѓу Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Министерството за односи меѓу заедниците, со цел да се даде научна фундираност на стратешките цели и приоритети на Министерството, и унапредување на неговата работа и планираните активности.

Соговорниците на средбата изразиле задоволство од остварените контакти и пројавените иницијативи за продлабочување на соработката, која има перспективи да се развива на различни нивоа и во повеќе аспекти, а со единствена цел реализација на програмата програмата за работа на Министерството. нд/ев/

Фото: Министерство за односи меѓу заедниците

Остани поврзан