• вторник, 27 август 2024

Средба на Муцунски со Акиим Али, новоименуван претставник на СЗО во државава

Средба на Муцунски со Акиим Али, новоименуван претставник на СЗО во државава

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски имал средба со новоименуваниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во земјава, Акиим Али, со цел предавање на копиите од акредитивните писма.

Како што соопшти МНР, Муцунски му честитал на Али за именувањето на функцијата, посакувајќи му добредојде и изразувајќи уверување за натамошно зајакнување на соработката во претстојниот период.

-На средбата, Муцунски нагласи дека новата влада ќе работи посветено за зајакнување на националниот здравствен безбедносен систем заради подобро справување со новите предизвици. Воедно, соговорниците разменија ставови околу досегашните заеднички активности, особено за неодамна потпишаниот двогодишен Договор за соработка во повеќе области за периодот 2024-2025 година, а во согласност со Европската програма за работа за периодот 2020-2025 година, наведува МНР.

Била потврдена и заложбата за идна соработка и нови проекти и иницијативи на СЗО, со цел, како што наведува Министерството, „реформи на јавното здравство за чијашто реализација ќе бидат вклучени сите надлежни институции“. хс/нд/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

 

 

Остани поврзан