• среда, 18 декември 2024

Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство

Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство

Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска имал средба со делегација на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска предводена од државниот секретар за внатрешни работи при Владата на Обединетото Кралство, Симон Ридли и британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.

-На средбата беше истакната досегашната соработка помеѓу двете страни во борбата против сите видови криминал, посебно против илегалната миграција и транснационалниот организиран криминал, а посебен акцент беше ставен на капацитетите  и заедничкиот одговор против криминалот кој не познава граници, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

На средбата министерот и државниот секретар потпишале изјава за соработка на двете министерства во борбата против организираниот криминал, со која, како што наведува МВР, „се потврдува важноста на билатералните односи и заедничкиот интерес за блиска соработка во борбата против сериозен организиран криминал, со цел заштита на граѓаните на двете земји“.

-Двете страни ги анализираа и очекувањата и предвидувањата за тековите на илегалната миграција во блиска иднина со нагласок дека граничната безбедност треба да биде заеднички приоритет, соопшти МВР. хс/са/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан