• недела, 24 ноември 2024

Средба на Заев со Села и Гаши за решение за законот за државјанство

Средба на Заев со Села и Гаши за решение за законот за државјанство
Скопје, 16 април 2021 (МИА) - Во Собранието денеска на пладне се очекува да се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, потврдија за МИА од коалицијата. Ова е трета средба на Заев со претставници на албанската опизиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива и треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието. Премиерот Зоран Заев во понеделник по средбата во Собранието со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишира со законското решение за државјанствата. И претседателот на АА Села истакна дека се на добар пат се да се најде заедничко решение во врска со законот за државјанство. фф/ац/

Остани поврзан