Средба на директорот на БЈБ Тасевски со директорот на австриската Сојузна истражна служба Холцер
- Директорот на австриската Сојузна истражна служба Андреас Холцер, денеска беше во официјална работна посета на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, при што
![Средба на директорот на БЈБ Тасевски со директорот на австриската Сојузна истражна служба Холцер](https://new.mia.mk/index.php/images/20221108200258_big_730x400_37.webp )
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Директорот на австриската Сојузна истражна служба Андреас Холцер, денеска беше во официјална работна посета на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, при што се одржа и средба со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.
Меѓусебната полициска соработка во борбата против тероризмот, кибер криминалот, илегалната миграција и трговијата со дрога и потенцијалите за нејзино подобрување, биле темите на кои се разговарало на средбата, соопштија од МВР.
Во рамки на посетата била спроведена и оперативно-тактичка вежба на струшкото крајбрежје од Охридското езеро, за чие спроведување биле ангажирани Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР.
На вежбата низ неколку различни точки се демонстрирале нивните вештини, тактичко-технички способности и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди за брзо и ефикасно дејствување. цр/дма/
![МВР 1](/articles/images/%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d1%80%d/ulDDBn8Xh/placeholder.webp?use_watermark=0)
![МВР 2](/articles/images/%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d1%80%d/ioO1Ps3Hx/placeholder.webp?use_watermark=0)