• среда, 25 декември 2024

Средба Муцунски-Агелер, тема претстојното Генералното собрание на ООН и евроинтеграциите на Северна Македонија

Средба Муцунски-Агелер, тема претстојното Генералното собрание на ООН и евроинтеграциите на Северна Македонија

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер со која разговараше за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Северна Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски  изразил благодарност за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократскиот развој на државата. Разменети биле мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог.

На средбата било реафирмирано силното сојузништво во НАТО и заедничката определба за одбрана на демократските вредности, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици. сст/aa/

фото Министерството за надворешни работи и надворешна трговија 

Остани поврзан