• сабота, 27 јули 2024

Средба Мицкоски - Орбан: Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката

Средба Мицкоски - Орбан: Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Лондон се сретнал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, при што разговарале за евроинтеграциите на земјава, идните чекори на Унгарија како претседавач со ЕУ и унапредување на еконосмакта соработка, а особено во делот на енергетиката.

-На маргините на Самитот во Лондон, се сретнав со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Разговаравме за евроинтеграцискиот пат на Македонија и идните чекори на Унгарија како претседавач со Европската унија. Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката. Исто така се заблагодарив за досегашната поддршка и соработка од страна на Унгарија. Продолжуваме посветено да работиме за интересите на граѓаните, објави премиерот Мицкоски на неговиот фејсбук профил. вг/ац/

Фото: Христијан Мицкоски фб

Остани поврзан