• среда, 25 декември 2024

Средба ЗНМ - Гаши: Заложби за унапредување на независноста на новинарите и на слободата на медиумите

Средба ЗНМ - Гаши: Заложби за унапредување на независноста на новинарите и на слободата на медиумите

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Заложби за понатамошно унапредување на независноста на новинарите и на слободата на медиумите во земјава беа изнесени на денешната средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со претставници од раководството на Здружението на новинари (ЗНМ) и со генералниот секретар на Европската Федерација на новинари (ЕФН), Рикардо Гутиерес, информираат од ЗНМ.

На средбата се разговарало за состојбите со медиумскиот простор во државата и за потребата за унапредување на стандардите и на законските регулативи согласно критериумите на Унијата. 

Од ЗНМ известуваат дека претседателот Гаши ги истакнал своите заложби за целосна транспарентност и отвореност на законодавната власт кон јавноста и кон медиумите, како мост меѓу институциите и граѓаните. 

- Претставниците на ЗНМ, претседателот Младен Чадиковски и извршниот директор Драган Секуловски, се осврнаа и на претстојниот избор на членови на Советот на АВМУ во Собранието, за што постапката е во тек во матичното работно тело, изразувајќи очекување при селекцијата да се има предви професионалноста на кандидатите, соопштуваат од ЗНМ.  

Од ЗНМ посочиле и на потребата од соодветна регулација на онлајн медиумите, во функција на запазување на новинарските стандарди и кодекси, а го запознале и претседателот Гаши со иницијативата за фонд за медиумски продукти. ир/цр/ 

Фото: ЗНМ

Остани поврзан