Честитка од Филипче до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
- Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник Христовото раѓање - Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Киро Стојанов.
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник Христовото раѓање - Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Киро Стојанов.
-На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија, вели Филипче во честитката.
Нека Божиќ, додава тој, биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи.
-Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди, пишува во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. сст/ цр
фото: СДСМ