• четврток, 26 декември 2024

Србија без Влаховиќ на гостувањето во Москва

Србија без Влаховиќ на гостувањето во Москва

Белград, 18 март 2024 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус и репрезентацијата на Србија, Душан Влаховиќ ќе го пропушти пријателскиот натпревар со руската репрезентација, информира Фудбалскиот сојуз на Србија на социјалната мрежа Х.

Српскиот селектор Драган Стојковиќ нема да може да смета на услугите на Влаховиќ кој се пожалил на повреда по завршувањето на вчерашниот натпревар со Џенова.

Влаховиќ вчера доби црвен картон на натпреварот од 29. коло на Серија А против Џенова (0:0). Србинот беше исклучен во 90+3. Минута поради неспортско однесување.

Натпреварот Русија – Србија е закажан за 21 март на „ВТБ Арена“ во Москва. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан