• сабота, 23 ноември 2024

Србинот Босанчиќ го засили Вардар

Србинот Босанчиќ го засили Вардар


Скопје, 5 септември 2024 (МИА) – Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили денеска своите редови со искусниот 29-годишен српски фудбалер Немања Босанчиќ.
Српскиот интернационалец игра на позиција централен играч за врска, а во редовите на скопскиот прволигаш доаѓа од литвански Паневезис.
За Босанчиќ ова е враќање во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во која настапуваше две сезони (2020/21 и 2021/22) како играч на Струга во чиј редови постигна десет голови и додаде 11 асистенции на 48 натпревари.
Претходно во кариерата Босанчиќ настапуваше за Инџија, Чачак, Колубара, Беране, Лахти и ДЛ Про.
Вардар е претпоследен на табелата по воведните четири кола од новата сезона во ПМФЛ со три бодови. ег ФОТО: ФК Вардар/Фејсбук

Остани поврзан