• четврток, 26 декември 2024

Спречен обид за криумчарење златен и сребрен накит на ГП „Богородица“

Спречен обид за криумчарење златен и сребрен накит на ГП „Богородица“
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Царинската управа соопшти дека вчера, во вечерните часови, на граничниот премин „Богородица“ бил спречен обид за криумчарење златен и сребрен накит. Случајот го разоткриле царинските инспектори од мобилните тимови на Одделението за оперативни работи на Царинската управа. При спроведената детална контрола на камион со македонски регистарски таблички кој пренесувал стока од Турција, во празнина позади инструмент таблата во возачката кабина, се пронајдени непријавени кеси во кои имало 573 грама златен и 2 408 грама сребрен накит. Стокaта е привремено задржана и предметот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка. мч/дма/

Остани поврзан