• четврток, 19 декември 2024

Справување со бесот на децата

Справување со бесот на децата
Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) - Детските „жолти минути“, поточно изливите на гнев, можат да бидат многу предизвикувачки за родителите, кои во овие ситуации честопати прибегнуваат кон мобилните телефони и смарт-таблетите како „лек“ - средство за смирување на малечкото. Сепак, психолозите не советуваат и не препорачуваат децата да поминуваат премногу време пред екран, бидејќи тоа има негативно влијание врз нив. Следат неколку поделотворни и поздрави методи околу тоа...
  1. Зачувајте го својот мир и спокој.
Првото нешто што, како родител, треба да го направите кога детето плаче, е Вие да се смирите. Доколку нема соодветна реакција од Вас, ни малечкото веројатно, нема да се смири.
  1. Откривајте нови игри.
Тоа ќе ја поттикне креативноста кај децата, но и ќе го пренасочи нивното внимание и енергија.
  1. Ислушајте го детето.
Поставете му на детето директно прашање за тоа - што може да го смири? Сепак, ова не значи да се согласите со нивните барања за кои инаку не би се согласиле...
  1. Пејте!
Ако вашето дете е лошо расположено, обидете се заедно да ја отпеете неговата омилена песна.
  1. Прегрнете го малечкото.
Прегратката помага во намалување на емоционалниот стрес и е одличен начин на утеха. Затоа, ако сакате да го смирите вашето дете, едноставно - прегрнете го.
  1. Длабоко дишење...
Замолете го вашето дете да дише длабоко, и научете го како да го прави тоа.
  1. Исклучете ги светлата!
Понекогаш исклучувањето на светлата е прилично ефективен начин за смирување на малите деца.
  1. Излезете надвор.
Прошетката е секогаш добра идеја и може да им помогне на децата да се смират. Освен тоа, по мал престој „на чист воздух“ сите ќе се чувствуваат подобро.
  1. Пренасочете го нивното внимание.
Обидете се да го привлечете вниманието на децата, на пр., прашувајќи го која е неговата омилена боја, кои се неговите омилени панталони или нешто слично.  си/сд/

Остани поврзан