• четврток, 26 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зои Кравиц: Ченинг Тејтум ја корист неговата харизма како оружје

Зои Кравиц: Ченинг Тејтум ја корист неговата харизма како оружје

Лос Анџелес, 19 декември 2024 (МИА) - Глумицата-режисерка Зои Кравиц повторно го пофали својот, сега веќе поранешен свршеник Ченинг Тејтум за неговата изведба во психолошкиот трилер „Трепни двапати“ (Blink Twice). Кравиц, која го режираше филмот, во разговор со колегата-режисер Мет Ривс за „Варајети'с дајректорс“ (Variety's Directors) говореше за своето остварување.

- При изборот на Тејтум сакав да ја искористам неговата харизма како оружје. Ченинг беше првата личност на која помислив за улогата на Слејтер Кинг и не знам од каде таа идеја, рече Кравиц.

Иако американската двојка ја раскина свршувачката во октомври, режисерката цврсто стои на својата претходна одлука. Пред разделбата, тие го промовираа филмот заедно и зборуваа за нивната заедничка работа додека се во врска.

„Да се ​​создаде нешто со некого што го сакаш е веројатно една од најисплатливите потфати. Работевме заедно, минавме низ тешки мигови и се поддржувавме еден со друг. И беше прекрасно“, изјави парот за „Пипл“ (People) на премиерата во Лос Анџелес во август.

Тејтум и Кравиц беа заедно три години. Се запознале на подготовките за снимањето на американскиот трилер „Пуси ајленд“, па почнаа врска кога Тејтум доби улога во првиот режисерски потфат на Зои. Се свршија лани, но по една година го поништија тоа. Глумецот овој септември, на својот интернет-простор ја објави последната нивна заедничка фотографија.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан