• петок, 08 ноември 2024

Спортскиот директор на Ред Бул поднесе оставка

Спортскиот директор на Ред Бул поднесе оставка

Лондон, 1 август 2024 (МИА) - Спортскиот директор на Ред Бул, Џонатан Витли, ја напушти функцијата, соопшти прес-службата на Формула 1 тимот.

Се известува дека Витли ќе ја преземе функцијата менаџер во „Ауди“.

- Џонатан и јас имавме долга и успешна врска, повеќе од 18 години. Неговиот придонес во освојувањето на шест титули од шампионатот во конструктори и седум титули во Светскиот шампионат за возачи засекогаш ќе остане пресвртница во историјата на нашиот тим, изјави извршниот директор на Ред Бул, Кристијан Хорнер, во прес-службата.

Ред Бул во блиска иднина ќе објави нова раководна структура на тимот, но познато е дека Витли ќе продолжи да ја извршува функцијата спортски директор до крајот на сезоната 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан