Според Мицкоски петтиот пакет економски мерки е неразвоен и нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните
- Никаде не видов интензивна реализација на капитални инвестиции, што е основа за раст на економијата во една држава. Не се гледа каде ќе се градат патишта, болници, каде ќе се инвестира во теа
Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) - Никаде не видов интензивна реализација на капитални инвестиции, што е основа за раст на економијата во една држава. Не се гледа каде ќе се градат патишта, болници, каде ќе се инвестира во театри, културни институции и градинки, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со петтиот пакет економски мерки најавен од Владата.
Според лидерот на опозицијата, станува збор за неразвоен пакет на економски мерки, кој нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните во онаа мера во која тие очекуваат.
-Никаде не видов интензивна реализација на капиталните инвестиции, што е суштински важна, не се гледа каде ќе се градта патишта, не се гледа каде ќе се градат вболници, не се гледа каде ќе се инвестира во канализации, каде ќе се инвестира во водоводи, театри, културни иснтитуции, градинки реалализација на капитални инввестиции нигде не ја гледаме, што е основа за раст на економијата и поддршка на стопанство и бизнис, тоа во овој 5-ти пакет не го гледам, изјави Мицкоски денеска по посетата на компанијата Специјал во општина Ѓорче Петров.
Тој додаде дека власта игра со ниски кампањи, да им го избрише долгот на граѓаните кон комуналните претпријатија, ако основниот долг го платат на рати, но како што рече, никаде не се споменуваат оние граѓани кои редовно си ги сервисираат обврските.
Мицкоски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ амандмански ќе интервенира во предлог законот кој ке дојде во рамки на Комисијата за финанасирање и буџет и за оние граѓани кои редовно ги сервисираат обврските, да имаат определени ваучери кои понатаму ќе можат да ги искористат.
-Помош за стопанството и граѓаните нема. Од тоа што сега беше кажано, а беше потрошено на грбот на граѓаните една милијарда евра, самиот Фатмир Битиќи кажа дека помош била за граѓаните и за стопанството не повеќе од 350 милиони евра. Се поставува прашањето каде отидоа овие останати 650 милиони евра, и кој ги покраде, и да не ни е чудно зошто сме на 111-то место на скалата на Транспарентност Интернационал, односно куќата која практично го мери нивото на корупација и криминал во оваа држава, рече Мицкоски.
Во однос на мерката за тутунопроизводителите, Мицкоски рече дека нивниот род останува непродаден, и платен со убедливо најниска цена, и сега како што додаде, некој дополнително сака да ги понижи со тоа што ќе ги поддржи со 300 милиони денари, поточно 10 денари од килограм.
-Би започнал со оние 300 милиони денари кои треба да добијат тунтунопроизводителите бидејќи минатата недела, во четвртокот имав состанок една група на луѓе кои што преку тутунот ги прехрануваат своите семејства и тие вака ова ми го пренесоа кога јас им кажав дека еве Владата предвидела околу 5 милиони евра, 300 милиони денари за нив и таму немаше етничка припадност беа Македонци, Албанци, Роми, од повеќе етникуми но имаа една мака а тоа е дека нивниот род останува непродаден, нивниот род останува платен со убедливо најниска цена, и сега некој дополнително сака да ги понижи со тоа што ќе ги поддржи со 300 милиони денари или како што велат, 10 денари од килограм, при историски најниска откупна цена која се движи меѓу 120 и 140 денари на килограм и при историски најслабото калибрирање или оценување на класа на тутун, рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата ја поздрави стимулацијата на вработените почнувајќи од 14.500 денари за најмалиот пад на прометот на компанијата од 30 проценти, до 21.000 денари за поголем пад од 80 проценти. Но додаде дека ова треба да продолжи во текот на целата година, не само за месеците февруари и март туку и ретроактивно за јануари, но и за целата оваа година која исто така ќе биде кризна за нашата економија. бт/
ац/