• среда, 25 декември 2024

Според индекс на отвореност за 2024 година – Општина Битола на прво место

Според индекс на отвореност за 2024 година – Општина Битола на прво место

Битола, 16 октомври 2024 (МИА) - Општина Битола е најотворена единица на локалната самоупрва во 2024 година, соопштија од секторот за односи со јавност, а информацијата се темели на резултатите добиени од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција кои подготвиле процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2024 година.

Во соопштение до јавноста се нагласува дека во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажале дека најотворенa единица на локалната самоуправа е Битола, со 67 проценти.

-Општина Битола, во изминатите три години, посветува посебно внимание на транспарентноста и соработката со граѓанскиот сектор, со цел овозможување проактивна транспарентност, преку сите канали на комуникација кои се користат, пристап до информации од јавен карактер, овозможување отворени податоци, Наскоро ни следуваат и буџетските форуми кои исто така се важен дел од отвореноста на општината. Довербата кај граѓаните се гради низ постојана отвореност, во која ќе знаат како се управува со буџетските средства, врз кои критериуми, на кого и за какви активности се доделува поддршка за културни, спортски или други манифестации, независно дали за тоа одлучува комисија формирана од градоначалникот или комисија од општинскиот Совет. Со ваквиот пристап, повеќе истражувања потврдуваат дека сме ги постигнале вистинските резултати и сме достигнале висок степен на проактивна транспарентност, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

Од Општина Битола најавуваат активирање на нови дигитални алатки и нов документ менаџмент систем кој значително ќе ги олесни процесите за граѓаните, нова веб страница и нов модул за електронско аплицирање за субвенции за граѓаните. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан