• среда, 25 декември 2024

СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот круг, од јасно изразените гласови и очекувања на граѓаните

СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот круг, од јасно изразените гласови и очекувања на граѓаните

Скопје, 26 април 2024 

Граѓаните во првиот круг ги искажаа своите желби и барања. Тие ѝ дадоа огромна поддршка на Коалицијата „Твоја Македонија“ и на кандидатката Гордана Силјановска Давкова, што се очекува да се потврди и прошири.

СДС и Пендаровски сметаат дека тоа не е ништо и дека сега се почнува од нула. Тие и понатаму ги потценуваат граѓаните дека забораваат за кого се определиле и која опција ја преферираат. 
СДС со лаги ги храбри членовите и неопределените да ги поддржат и прават скриени нечесни комбинации за уште едно големо предавство кое оваа пропадната партија им го спрема на македонските граѓани.

Граѓаните се незадоволни од предавниците, корумпираните криминалци и лажговци кои ги осиромашија и ги понижија. СДС и ДУИ мора да бидат казнети и да одговараат за криминалите, прадавствата и злоделата.

Бранот на гласачи за Коалицијата „Твоја Македонија“ забрзано расте и ќе ги издигне највисоко претседателскиот кандидат и предложените кандидати за пратеници на ниво на државна сила која ќе може да се справи со проблемите што ги предизвикаа СДС и ДУИ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека само со масовна излезност на изборите народот ќе си ја врати државата и ќе ја направи горда и просперитетна кон европскиот пат на раст и развој.

СПМ

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото СПМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан