Специјална двојна „Порше“ понуда - кабриолет и купе
- Натаму, две опции се достапни со бандажите што брендот првпат ги прикажа на моделот „718 спајдер“, а меѓу познимливите подробности е и една од понудените бои на каросеријата (тн. „Руби стар н

Штутгарт, 2 ноември 2022 (МИА) - „Порше“ двоецот „Бокстер / Кајман“ од „Серијата 718“ ќе им биде достапен на клиентите од следната година во ново специјално издание „Стајл едишн“.
„Порше“ го избра својот популарен двоец со средишно поставен мотор како основа за најновото во серијата специјални изданија оваа година, а купувачите кои ќе се одлучат за кабрио или купе, ќе може да сметаат на неколку елементи својствени за кабриолетот-двосед. Натаму, две опции се достапни со бандажите што брендот првпат ги прикажа на моделот „718 спајдер“, а меѓу познимливите подробности е и една од понудените бои на каросеријата (тн. „Руби стар нео“), што потсетува на бојата што некогаш се нудеше со „911 карера РС“.