• сабота, 28 декември 2024

Со „ноќен радар“ регистрирани 201 лице кои возеле со брзина над дозволената

Со „ноќен радар“ регистрирани 201 лице кои возеле со брзина над дозволената
Скопје, 5 август 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови синоќа во период од 21.00 до 02:00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач. Според МВР, од нив, седум возачи возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозолената брзина. При тоа, 130 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта. сст/са/  

Остани поврзан