• понеделник, 02 септември 2024

Со настап на „Танец“ ќе почне 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

Со настап на „Танец“ ќе почне 61. Балкански фестивал на народни песни и игри
Охрид, 5 јули 2022 (МИА) - Традиционлано, со настап на ансамблот „Танец“ в четврток ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев”. На сцената на Долни Сарај, до 11 овој месец љубителите на фолклорот ќе има можност да погледнат настапи на ансмбли и културни уметнички друштва од државата, но и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина. Најстарата фолклорна манфестација на Балканот, се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија, а ќе ја отвори потпретседателот, Горан Мисовски. Во рамките на програмата предвидено е оторање на изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Салвко Упевче. сс/дма/

Остани поврзан