• среда, 25 декември 2024

Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета

Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета

Нови Сад, 8 ноември 2024 (МИА) - Вршителката на должнос директорка на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета.

Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, секој ден Советот се состанува неколку пати во текот на денот, изјави Туркулов.

Таа додаде дека внимателно се следи нивната здравствена состојба, се прават дополнителни наоди, лабораториска дијагностика и така се одлучуваат понатамошните чекори. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан