• среда, 25 декември 2024

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови
Лондон, 20 јули 2021 (МИА) - Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (СЕДФ) и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, ќе финансира купување на британската компанија за дијагностичка технологија „Мологик“, која разви брз, десетминутен тест за откривање на коронавирусот, објави Фајненшл тајмс.

За извршување на аквизицијата, конзорциумот го формираше социјалното претпријатие „Глобал Аксес Хелт“ (ГАХ), чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија.

Членовите на ГАХ, како што е наведено, се подготвени да инвестираат над 41 милијарда долари за финансирање на аквизицијата. Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на „Мологик“.

„Пандемијата на Ковид-19 болно ги демонстрираше основните нееднаквости во глобалното јавно здравство, а особено клучната важност на пристапот до дијагностички алатки за спасување живот. Во оваа единствена трансакција, филантропските фондови и инвеститорите работат заедно за да се справат барем со дел од овој недостаток, овозможувајќи најсовремената трговска компанија да ги насочи сите свои ресурси кон решавање на еден од најитните светски проблеми со јавното здравство, рече Шон Хинтон, извршен директор на СЕДФ.
„Мологик“ неодамна доби милион фунти од британските власти за развој на тестови за Ковид-19, но подоцна ја обвини владата дека ја „цементира“ употребата на тие тестови во матичната земја. Генералниот директор на „Мологик“, Марк Дејвис го поздрави договорот за аквизиција, истакнувајќи дека тоа значи трансформација на неговата компанија во социјално претпријатие, што тој го оцени како „промислен, логичен и природен чекор насочен кон обезбедување прифатлива дијагностика и биотехнологија на местата што се маргинализирани во немилосрдната трка за профит“. паг/  

Остани поврзан