• среда, 20 ноември 2024

Соопштение од Регулаторната комисија за домување

Соопштение од Регулаторната комисија за домување
31 март 2022  Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат понуди за управување со станбени објекти од извесна фирма ГРЕЕН КЛЕАН УПРАВУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје, која НЕ ПОСЕДУВА Лиценца за вршење на дејностите на управување со станбени згради, издадена од Регулаторна комисија за домување. Исто така, истиот правен субјект им прикажува на граѓаните ФАЛСИФИКУВАН ДОКУМЕНТ од Лиценца за вршење на дејностите на управување со станбени згради на име на фирмата ГРЕЕН КЛЕАН УПРАВУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје, која НЕ Е ИЗДАДЕНА од Регулаторната комисија за домување и не е заведена во регистерот на Комисијата. Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување. Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги проверат регистрите на веб страната на Комисија www.rkd.gov.mk, или да се консултираат во Комисијата. Врз основа на Заклучок донесен од страна на Регулаторната комисијата за домување се задолжуваат сите Управители кои поседуваат Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, со кои имаат склучено Договори за вршење на управувачки услуги, на огласна табла во простириите од објектите задолжително да постават фотокопија од Лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради. Доколку некои станари веќе склучиле Договор со не лиценцирана фирма, истиот не произведува правно дејство и граѓаните немаат обврска за плаќање на услугите кон таква фирма. Сите потребните информации может да се добијат на телефонски број и е-меил адреса на Регулаторната комисија: Телефон 02/3070-746 Е-меил: rkd@rkd.gov.mk; info@rkd.gov.mk; Со почит, РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ _____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан