• недела, 24 ноември 2024

Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржување на граничните премини

Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржување на граничните премини
Скопје, 1 октомври 2022 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градскo, од средата е затворен за сообраќај поради изведување на градежни работи. Овој патен правец ќе биде затворен во наредните 9 месеци и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Остани поврзан