• четврток, 05 март 2026

Сообраќајот по суви коловози и без застои

Сообраќајот по суви коловози и без застои

Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, информира ЈП „Македонијапат“. 

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан