Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
- За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Времето утре ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови
за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Дневната максимална температура ќе достигне до 10 степени./
Фото: МИА